ХРВАТИТЕ МАСОВНО ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Скапотијата ги натера да пазарат во пограничните градови
Откако Хрватска го воведе еврото како официјална валута, што резултираше со поскапување, граѓаните одат во пограничните градови во БиХ во потрага по поприфатливи цени за артиклите.
Така репортерот на ХРТ во селото Горица-Совиќи запознал луѓе од Имо и Сплит кои дошле во околните продавници во Босна и Херцеговина во потрага по поевтини производи.
Брашното и шеќерот се поскапи, а цигарите овде поевтини“, вели Емануела Мустапиќ од Имотски, која вели дека вреди да се дојде во Босна и Херцеговина.
Можно е да се донесе стока во вредност до 300 евра во Хрватска без царина.
„Никогаш не ја надминувам таа граница затоа што одиме често. Мојата свекрва живее во Херцеговина, така што тука доаѓаме еднаш или двапати неделно, па ако нешто префрлам, тогаш тоа е под границата и до лимитот“, изјави Дивна Томас за ХРТ.
Увозот на месо и млечни производи од БиХ во Хрватска се уште е целосно забранет, но купувањето вреди пред се поради враќањето на данокот.
