Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите масовно ја напуштаат Хрватска

Хрватите масовно ја напуштаат Хрватска

Хрватите масовно се иселуваат во други земји на Европската унија рекол економскиот аналитичар Жељко Ловринчевиќ и проценил дека оваа година земјата ја напуштиле 30 илјади лица и дека се угасиле околу 25 илјади работни места.

Хрватска, без разлика на одредениот исчекор, спроведува реформи со „чекор на полжав“, рекол тој во интервју за Хрватско радио.

Се угасија околу 25 илјади работни места, а јавниот долг е зголемен за околу 16 милијарди куни. Стандардот на граѓаните е благо намален - помеѓу 0,5 и 1 одсто, рекол Ловринчевиќ и нагласил дека „Од почетокот на мандатот на оваа Влада, тоа е околу 12 одсто реално“.

Според неговите зборови, граѓаните на Хрватска може само да сонуваат за поголем стандард, бидејќи тоа ќе се случи до 2020 година, пренесува индекс.хр.

Слично

Поврзани вести