Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите ќе „увезуваат“ работна сила - кои кадри се бараат?

Хрватите ќе „увезуваат“ работна сила - кои кадри се бараат?

Хрватска бара работници за бродоградилиштата, но и за други компании од различни дејности. 

Предлог квота за увоз на работна сила во 2017 година е 1.500 работни дозволи. Потребите на пазарот пак, се три до четири пати повеќе.

Како што пишува Дневник.хр, бродоградилиштата, превозниците и градежниците бараат увоз на работна сила. На тоа предупредуваат Стопанската комора и Здружението на работодавци и бараат од Владата итно да се занимава со ова прашање.

„Има работа, има камиони, но нема кој да ги вози. Да се најде возач е вистинска мака“- вели славонскиот превозник Бранимир Богдан. 

Нудат плати од околу 930 евра за домашен и 2.000 евра за меѓународен транспорт. Истиот проблем го имаат скоро сите превозници во Хрватска. Тие сметаат дека неизбежен е увоз на работна сила. Но, не се единствени, работници бараат и градежниците, бродоградителите, угостителството и туризмот.



Слично

Поврзани вести