ХРВАТИТЕ КАЗНУВААТ: Ова е сумата која ќе ја плати возило на српската Влада
Возило на српската Влада во Хрватска поради сообраќаен прекршок на возачот доби казна од 40 евра.
Хрватската полиција го запрела возилото, а на возачот му е кажано дека се следени уште од границата и дека е уочено дека поголго време се движел во левата лента, наменета за претекнување.
Со возилото се превезувал претседателот на Одборот за дијаспора и Срби во регионот, Миодраг Линта.
Toj тргнал во Ливно каде требало да посети верски храм.
Линта деновиве ја нарече неточна изјавата на хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ дека Србија зборува лошо за Хрватска.
Тој рече дека Хрватска ги крши правата на протераните Срби. Смета дека Србите се дискриминирани и дека судовите им судат без цврсти докази.
Инаку, Хрватска и Србија се земји кои одвреме навреме имаат затегнати односи.
фото Јутарњи.хр
