Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите ќе одат во пензија на 67 години

Хрватите ќе одат во пензија на 67 години
Работниците во Хрватска ќе заминуваат во пензија на 67 години, објави хрватскиот министер за труд и пензиски систем Мирандо Мршиќ. Коментирајќи ги заклучоците на мисијата на ММФ за реформи на пензискиот систем, Мршиќ изјави дека ова е нешто што Хрватска не може да го избегне. „Ова не е нешто што ни претстои сега, во некоја блиска иднина. Како и сите земји во Европската унија, тоа е резервирано за втората половина на оваа деценија, но веројатно ќе мораме да ја усвоиме оваа мерка“ рече Мршиќ и додаде дека препораките на ММФ се сепак само препораки, а крајната одлука ја носи Владата. Хрватските синдикати ги повикаа вчера одговорните да се огласат на оваа „непримерна и луда“ препорака на ММФ за зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 65 на 67 години.  
Слично

Поврзани вести