Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите ја примија првата група мигранти, ќе бидат сместени во Загреб

Хрватите ја примија првата група мигранти, ќе бидат сместени во Загреб

Хрватска вчера ја прифати првата група мигранти.

Станува збор за четворица Еритрејци, кои пристигнаа од Италија согласно шемата на ЕУ за прераспределување, која предизвика критики и отпор од страна на некои членки на унијата.

„Ние ќе направиме сè што треба за животот да ви го направиме полесен и да ве ослободиме од проблемите кои ве натераа да го преземете ова патување“ - изјави министерот за внатрешни работи на Хрватска, Влахо Орепиќ, при нивното пристигнување.

Мигрантите привремено ќе бидат сместени во прифатен центар за азиланти во главниот град Загреб.

Шемата на ЕУ беше договорена во септември и предвидува преместување на вкупно 160.000 мигранти од Грција и од Италија, а Хрватска треба да згрижи 1.583 мигранти. Само мал број мигранти досега се преместени во други земји заради отпорот на некои земји-членки, особено во Централна Европа, кои изјавуваат дека ќе биде тешко мигрантите да бидат интегрирани во нивните општества.

Од септември до март низ Хрватска поминаа околу 650.000 лица, користејќи ја Балканска рута. Оваа маршрута ја користеа највеќе мигрантите од Сирија, за да стигнат до Западна Европа.

Слично

Поврзани вести