ХРВАТИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ: Србите одат во хотели, Германците во камп
Според истражување кое го објави Вечерњи лист минатата година Србите трошеле доста пари во Хрватска на одмор.
Во летото 2017 година најмногу пари потрошиле Американците, 158 долари дневно.
Во истиот период Србите трошеле 95 евра и се на високото седмо место.
Овој податок е прилично неочекуван.
„Очигледно отседнувале во хотели, за разлика од Холанѓаните и Германците, кои сакаат приватно сместување и кампови и чија потрошувачка по ден е седумдесетина евра“ - стои во извештајот.
Хрватите се зад Србите и тие трошеле 10 евра помалку на ден.
Ова наведува на заклучок дека сепак домашните гости со ограничен буџет одат на море.
Слично
