Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрватите и Црногорците смеат да носат оружје во Швајцарија, а Македонците – не!

Хрватите и Црногорците смеат да носат оружје во Швајцарија, а Македонците – не!
Швајцарската Влада ја укина забраната за поседување на оружје за граѓаните на Хрватска и Црна Гора. Но, забраната и натаму важи за  граѓаните на Албанија, Алжир, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Шри Ланка и Турција, кои сакаат да купат оружје во Швајцарија. Швајцарскиот Федерален совет заклучил дека нема никакво оправдување земја-членка на ЕУ како Хрватска и земја која преговара за членство како Црна Гора и натаму да бидат на црната листа. Три критериуми се пресудни за одлуката дали граѓаните на една држава ќе добијат можност да поседуваат оружје во Швајцарија или тоа че им биде забрането: - присуство на многу луѓе во Швајцарија од земјите каде што имало војни или конфликти - судири во Швајцарија меѓу луѓето од овие земји - случаи на шверц со оружје од Швајцарија во конфликтните региони Швајцарија е една од земјите со највисок посед на оружје во светот, но многу малку случаи на злоупотреба на оружјето во криминални цели. Според одредени истражувања се смета дека во Швајцарија, земјата која има 8 милиони жители, има 3,4 милиони парчиња оружје кај населението. Швајцарските власти им задолжуваат граѓаните, по отслужување на воениот рок, огненото оружје да го чуваат во домовите.
Слично

Поврзани вести