ХРВАТИТЕ ГИ УБЕДУВААТ ЦРНОГОРЦИТЕ: Спасете не, не се откажувајте!
Сопственикот на хрватската компанија Кроско ги демантирал оценките дека Црна Гора со истражувањата за нафта и гас во морето потпишала смртна пресуда за морскиот биодиверзититет.
Како што рекол Драгутин Домитровиќ, сопственикот на компанијата Кроско, која досега направила дури 70 нафтени бушења на Јадранот, сите анализи покажале дека нивното повеќегодишно истражување на Јадранското море нема негативно влијание на морската флора и фауна.
„Во долгата историја на истражувања и производство во јадранското подморје, Ина и Кроско не забележале ниту еден инцидент, што е и докажано со сукцесивните анализи на морето околу платформата во Јадранот, кои докажале дека нашите активности немаат негативно влијание на морската флора и фауна“, објаснил Домитровиќ.
Според неговите зборови, Кроско е свесна за сите ризици кои работата на истражување нафта и гас ги носи во Јадранското море.
„Бидејќи е дел од нафтената индустрија, Кроско е свесен за сите ризици кои ги следат нашите активности поради што имаме сеопфатен систем на заштита на здравјето, и на безбедноста и околината, како и бројни механизми на контрола и проверки“, рекол Домитровиќ.
Шансата која на Црна Гора и се укажала, како што објаснува тој за Дневне новине, никако не би требало да се пропушти.
Како што неодамна објавија хрватските медиуми, доколку на црногорските полиња се најде нафта ќе се зголеми интересот и за хрватските нафтени полиња на јужниот Јадран. Имено, црногорските полиња се плитки, па ќе се буши и на длабочина од 100 метри, додека во Хрватска длабочината е околу 1000 метри што значајно ги зголемува трошковите за бушење.
Поради длабочината, вложувањата во јужните полиња би била неколкупати поголема отколку во Црна Гора, а со тоа и ризикот дека нема да се исплати вложувањето .
Од друга страна дека јужен Јадран е единствено геолошко подрачје па пронаоѓањето на нафта во Црна Гора би било сигнал дека, и покрај ниската цена на нафта, се исплаќа да се вложува во Хрватска.
Цените на нафтата на светските пазари се движат околу 50 долари за барел, а нема знаци дека значајно ќе растат во краток период. Позитивната нула за јужно-јадранските полиња би била околу 80 долари за барел, па затоа американскиот Маратон Оил се откажал од вложувања во Хрватска. Поинтересни им се континенталните полиња.
