Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТИТЕ ГИ ИЗВИСИЈА СРПСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Ги плаќаат двојно помалку

ХРВАТИТЕ ГИ ИЗВИСИЈА СРПСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Ги плаќаат двојно помалку

Иако хрватските работодавачи се жалеа дека немаат работна сила, сепак двојно помалку ги плаќаат сезонците дојдени од страна.

Додека без работа се 225.700 Хрвати, угостителите се жалат дека немаат работна сила.

Медиумите пишуваат дека за да заштедат, работодавачите отпуштаат искусни работници и ангажираат неискусни сезонци.

При тоа оваа година договори на определено има се помалку и се работи на „црно“.

Голем дел работници од Славонија заминале во странство каде нивниот труд и знаење ќе се цени соодветно.

Во Далмација сега работат граѓани од Црна Гора, БИХ, Србија, но земаат за 50% помали плати од хрватските работници.

Собарки, келнерки, вработени во кујна земаат од 3500 до 4000 куни што е малку.  Многу работодавачи на сезонците им наплаќаат за сместување и храна.

Слично

Поврзани вести