Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрвати се пријавиле за да се населат на јапонски остров

Хрвати се пријавиле за да се населат на јапонски остров
Јапонската национална телевизија е во потрага по Хрватите кои се пријавиле да се населат на остров, во селото Мишима. Во огласот е наведено дека на сите кои ќе се доселат на овој јужен јапонски остров ќе им се плаќа. Самците ќе добиваат по 650 евра месечно за 3 години, а 800 евра ќе земаат брачните парови. Единствено ограничување е главата на домаќинството да не биде постар од 55 години. Од пријавените 90% се Хрвати, Срби и Бразилци. На дојденците во Мишима им се нудат куќи по поволна закупнина. Но, пријавите се одбиени затоа што законите се строги и составот на населението во земјата е хомоген, односно 98.5% се Јапонци. Овој оглас бил наменет за домашното население, но пријави стигнале од секаде и новинарите се заинтересирани да направат сторија со луѓето кои се пријавиле да живеат на островот, да слушнат кои се нивните причини.
Слично

Поврзани вести