Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрват од Шведска откри какви се цените таму: Тoa чини дури 21 евро

Хрват од Шведска откри какви се цените таму: Тoa  чини дури 21 евро

Дебатата за цените во Хрватска повторно „експлодираше“ на социјалните мрежи, а еден корисник на Reddit, кој моментално престојува во Шведска, го спореди стандардот и трошоците за живот и заклучи дека разликата во платите и цените „едноставно нема смисла“.

Тој наведува дека минималната нето плата во Шведска, во зависност од секторот, се движи од 1.900 до 2.700 евра, додека медијаната е помеѓу 2.350 и 3.100 евра. 

„Лице со минимална плата теоретски би можело да јаде во ресторан секој ден во Стокхолм и сепак да му останат 700 евра. Моментално сум во Шведска поради работа. Земјата што ја познавам е поразвиена од нашата (наводно) и нема законска минимална плата, туку е дефинирана со колективни договори по сектори, но генерално се движи од 1.900 евра нето до 2.700 евра (во зависност од секторот). Пишувам во евра за полесно разбирање. Значи, минимумот и тоа е нето. Средната нето плата (пореална претстава на просекот) е од 2.350 до 3.100 (повторно во зависност од секторот). Просекот, за споредба, се движи од 3.300 до 4.000 eвра, што само покажува колку подобро платените работни места го зголемуваат просекот и зошто терминот просечна плата не е соодветен за реалната ситуација. Па добро. Она што ме вознемири беа цените. Ручек во многу добар ресторан во Стокхолм (не врвен, но многу добар) е 40 евра без пијалаци. Гориво (дизел) = 1,55 евра на автопат!! Кола Зеро 0,5 л во чаша во барот на бродот = 3,90 евра (стаклената амбалажа е поскапа, а на бродовите сè е секогаш екстра скапо). Храна за носење – солиден оброк за 1 лице = 21 евро“, вели тој. 

Додава дека становите во Стокхолм чинат помеѓу 1.500 и 2.000 месечно. 

„Тоа е секако ужасно. Но, кога има двајца луѓе со средна плата, не е толку лошо. Со други зборови. Лице со минимална плата во најлошиот сектор теоретски може да јаде во ресторан секој ден во Стокхолм и сепак да му останат 700 евра. Сè уште може да вози 400 км ако точи гориво само на автопат. И тоа е некој со минимална плата“, додава Хрватот. 

За Хрватска вели дека минимална плата е 1.050 евра, а гориво 1,40 (и малку повеќе) и уште повеќе на автопатот. Рестораните се со многу слични цени, а пијалаците во некои кафулиња се поскапи, пренесува Дневно.хр.

foto Wikipedia/Holger.Ellgaard 

Слично

Поврзани вести