Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРВАТ НА 50 ЈА СМЕНИЛ РАБОТАТА, ГРАДОТ, ДРЖАВАТА: Добро е што не ги слушав колегите

ХРВАТ НА 50 ЈА СМЕНИЛ РАБОТАТА, ГРАДОТ, ДРЖАВАТА: Добро е што не ги слушав колегите

Деан Томиќ од хрватскиот град Пула на 50 години решил да си го смени животот, и не згрешил. 

Ја сменил работата, градот, државата, заминал во Берлин да работи во инженерска струка и вели за Глас Истра дека луѓето не треба да се двоумат ако сакаат нешто да сменат, без разлика на годините. 

Прво работел во струка во Хрватска, но потоа отворил бизнис. По 20 години одлучил да го работи она за што се образувал. 

„Да се прашуваат моите студентски колеги од Истра и Пула, кои се сега на врвни позиции, јас не би можел да заработам ниту за бурек, но бидејќи се прашуваат Германци, јас заработувам толку колку што не можам да потрошам“, вели тој. 

Кога ги прашал неговите колеги дали може да работи во струка во неговата земја му рекле дека е доцна, поминало многу време, и дека сега има над 50 години. 

Слично

Поврзани вести