Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРТ со добивка од 9,7 милиони евра

ХРТ со добивка од 9,7 милиони евра
Од јануари до септември Хрватската радиотелевизија оствраи нето добивка од 73,9 милиони куни (9,7 милиони евра), соопшти ХРТ. Добрите финансиски резултати се последница на рестриктивната политика и штедењето во сите сегменти на работењето, наведуваат од хрватскиот јавен сервис. ХРТ заклучно со септември оствари вкупен приход од 1,02 милијарди куни, што поради тешката ситуација во рекламирањето е 1,9 отсто помалку во однос на истиот период од 2012 година. Вкупните расходи за деветте месеци  во однос на лани од годинава изнесуваат 953,9 милиони куни и се намалени за 7,1 проценти. ХРТ  има  3.339 вработени луѓе и постои тренд за намалување на нивниот број.
Слично

Поврзани вести