Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРТ ПРЕДИЗВИКА ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: Крим го споија со Русија

ХРТ ПРЕДИЗВИКА ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: Крим го споија со Русија

Хрватската радио телевизија во дневник предизвика дипломатски спор со Украина. 

Украинската амбасада во Загреб на својот профил на Фејсбук жестоко ја нападна ХРТ поради прикажувањето географска карта на која Крим е прикажан како дел од Русија.

Картата е прикажана во позадина за време на интервју со хрватската министерка за надворешни работи, Марија Буриќ кога бил најавен денешниот дипломатски собир во Загреб.

„Таквото искривување на информациите го сметаме за непримерно предизвикување на територијалниот интегритет на Украина“, стои во реакцијата на украинската амбасада во Загреб.

Велат дека картата што ја објави ХРТ е во спротивност со официјалниот став на Владата на Република Хрватска, која цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Укрина, а исто така и консолидарната позиција на Европската Унија, ОН, како и на другите меѓународни организаици, кои ја осудија руската окупација и анексија на Крим.

Украинската амбасада побара од Хрватска јавно извинување поради ширење искривени информации со молба такви ситуации во иднина да не се повторат.

Слично

Поврзани вести