Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хрисула Кутуди нов генерален извршен директор на Стопанска банка

Хрисула Кутуди нов генерален извршен директор на Стопанска банка

По добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, г-а Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје, извести банката.

Во Стопанска банка таа доаѓа од позицијата помошник генерален директор за специјализирани решенија – банкарство на мало во НБГ Групацијата, каде што беше посветена на унапредување на производи, дигитални алатки и канали, како и на развој на стратешки партнерства и концепти за вградено банкарство (embedded banking). Има значајно искуство и во управување со тимови во областа на корпоративно банкарство, наплата, кредитна анализа и проектно финансирање.

Назначувањето на Кутуди доаѓа во период кога Стопанска банка АД – Скопје, поддржана од Групацијата, забрзано инвестира во дигитална трансформација, развој на иновативни решенија и континуиран раст на своите човечки ресурси. Со нејзиниот ангажман и со искуството на новите членови на Управниот одбор, Банката значително го зајакнува својот тим и капацитети.

Во подготовката за преземање на новата функција, Кутуди веќе се запозна со македонскиот банкарски пазар, со Стопанска банка и тимот вработени, вклучувајќи се активно во тековните процеси на трансформација.

- Чест ми е да ја преземам оваа одговорна функција, свесна за значењето на Стопанска банка како институција со најдолга традиција на македонскиот банкарски пазар и како столб во НБГ Групацијата. Импресионирана сум од тимот на професионалци чии резултати и визија се одлична основа за понатамошен развој. Ќе продолжиме да вложуваме во знаење, иновации и во вредностите кои ја дефинираат Банката, со јасна цел: да одговориме на потребите на клиентите, бизнис секторот и заедницата - изјави Кутуди.

Со назначувањето на Кутуди, во сила стапува оставката на Диомидис Николетопулос, кој ја извршуваше функцијата генерален извршен директор од 2013 година.

Слично

Поврзани вести