Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРИСТИНА СТЕФАНОВСКА: Kaј младите се јавува потреба да се мигрира во општество кое ќе им обезбеди подобри услови

ХРИСТИНА СТЕФАНОВСКА:  Kaј младите се јавува потреба да се мигрира во општество кое ќе им обезбеди подобри услови

Целиот  процес на самоактуелизација и обезбедување егзистенција ги погодува најмногу младите со последици во криза на идентитетот, извор на чувство на незадоволство и потреба да се мигрира во општество кое ќе им обезбеди подобри услови за живот како решение за подобро утре, вели Христина Стефановска, професорот по психологија во ПСУ Алгоритам за тоа како сиромаштијата и неизвесноста  во општеството влијаат на луѓето.

Таа објаснува дека сиромаштијата претставува проблем не само заради отсуство на елементарни средства за преживување, туку и заради исклученоста на тие индивидуи, семејства, слоеви, од пристапот до солиднo образование, работа, здравствена заштита и влијание врз процесите во заедницата во која живеат.

„Всушност ние имаме проблем поради тоа што начинот на живеење на сиромашните значително се разликува од начинот на живеење на другите слоеви на општеството. Тоа ги прави луѓето пофрустрирани, беспомошни, зависни,инфериорни, маргинализирани и со намалено чувство на припадност и сигурност во општеството. Во тој случај ако поединецот уште од детството го усвои фатализмот или вербата дека тоа е само судбина, развива пасивност и многу тешко или воопшто не бара излез во институциите. Она што често можам да го забележам е тоа што кај сиромашните се јавува чувство на срам. Тие како да сакаат да ја скријат сиромаштијата, па поради тоа ретко го покажуваат своето незадоволство од општеството и ретко критикуваат. Како последица на сето тоа се јавува и неможност или потешкотија да се најде работа и да се обезбеди егзистенција“ – вели Стефановска.

Психологот наведува дека во едно општество низ годините се случуваат разноразни промени кои можат да бидат од општествен, политички, етнички, економски, културен  или друг карактер., а сите социјални феномени се менливи и се модификуваат.

„Поради тоа кај луѓето се јавува страв од непознато, страв од промената и последиците од неа, вознемиреност, напнатост кога се излегува од веќе постоечката конфорна зона на живеење и треба да се прилагоди на нова. Притоа кај луѓето се јавува и чувството на неизвесност кое во себе најмногу повторно содржи чувство на страв. И како што велам јас имаме добра општествена подлога за развој на одредени психолошки состојби како анксиозност, депресија и слично“ – рече Стефановска.

Според неа, процесот на интегрирање на луѓето и младината во општеството е отежнат. Родителите се жртвуваат за да им платат студии на своите деца и баремза миг да се проектираат во нив и да го почувствуваат реализирано сето она што тие некогаш не можеле да го сторат,  но притоа се откажуваат и од многу работи.

„Тоа ги става во состојба да се борат со своите незадоволени пориви и мотиви и да се прашуваат дали и каква вредност има животот. Нивните пак деца всушност младината се соочува со многу препреки во процесот на себереализација, па поради тоа се почесто прокрестинираат т.е ги одлагаат своите животни задачи и одлуки како брак, деца, дом итн. Во целиот овој процес на самоактуелизација и обезбедување егзистенција секако ги погодува најмногу младите со последици во криза на идентитетот, извор на чувство на незадоволство и потреба да се мигрира во општество кое ќе им обезбеди подобри услови за живот како решение за подобро утре. Секако дека не се поштедени и повозрасните лица кај кои борбата за егзистенција се манифестира на поинаков начин со таа разлика од младите што тие се веќе оформрни индивидуи кои пред сè робуваат на навиките и се плашат да излезат од својата конфорна зона“ – раскажува Стефановска.

Општествено – политичката состојба во една земја влијае и на психичките состојби кај поединецот.

Според дефинитивните податоци објавени од Државниот завод за статистика,  во 2016 година, стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 21.9%. 
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 20.2%. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9%, додека стапката на сиромашнипензионери е 7.1%. 

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести