Христијан Мицкоски: Општина Илинден ќе издаде емисија на обврзници
Лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска објави дека Општина Илинден ќе издаде емисија на обврзници со кои ќе собира пари за идни инвестиции. Според претседателот на најголемата опозициска партија, ова е модерен начин на прибирање средства во светот.
„Денеска заедно со Александар Георгиевски - Градоначалник на Општина Илинден присуствувавме на активности во Илинден. Се случува градежна офанзива, се реконструираат улици, се пушта во употреба пречистителна станица,се градат детски игралишта.
Општина Илинден ќе биде дел од проектот за емисија на општинска обврзница, ги следиме трендовите во светот, граѓаните сами да може да се вклучат во реализација на проекти“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Слично
