ХРВAТСКА ВО ЖАЛОСТ-ПОЧИНА 23-ГОДИШНАТА ПОПУЛАРНА ТИКТОКЕРКА: Дијана Де Марко ја следеа повеќе од 120.000 луѓе
Младата популарна хрватска тиктокерка Дијана Де Марко, ненадејно
почина на 23-годишна возраст во Загреб.
Девојката беше омилена меѓу нејзините следбеници на социјалната мрежа TikTok, каде ја следеа повеќе од 120.000 луѓе и секојдневно и се радуваа на нејзините објави.
Учела во Католичката гимназија во Пожега, по што се преселила во Загреб. Извесен период, како што наведуваат хрватските медиуми, била во врска со Паоло Фаници, попознат како Фацо, кој исто така е успешен тиктокер кој го следат речиси 200.000 луѓе.
Тој се прости од неа со емотивна порака.
- Сè што имам да кажам е дека животот е непредвидлив. Убавите и лошите работи се случуваат во животот. Би сакал да и се заблагодарам на Дијана што ја познавав и што беше дел од мојот живот. Морам да ви кажам дека ја нема повеќе. Жално е што младите го напуштаат светот. Сите имаме свое време и ѝ благодарам за времето и моментите, спомените што ги живеев со неа. Почивај во мир....
Причината за смртта се уште е непозната.