Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

Цените на храната растат втор месец по ред во светот.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) објави дека во април е забележан благ месечен пораст на цените на месото, растителните масла и житариците. Но, дел од продуктите се поевтинети. 

Во април, индексот на цените на месото се зголеми за 1,6 отсто на 116,3 поени, поради повисоките цени на живината и говедското месо, а индексот на растителното масло се зголеми за 0,3 отсто на 130,9 поени и сега е највисок во последните 13 месеци. Падот на светските цени на шеќерот главно се должи на веста дека производството во Индија и Тајланд е поголемо од очекуваното. Бразил забележа значителни врнежи од дожд на крајот на март по долг период на суша, така што одгледувачите на шеќерна трска се пооптимисти за жетвата.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести