Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРАНАТА ПОСКАПУВА И ДО 50 ОТСТО: „Алди“ веќе најави зголемување, нов инфлаторен притисок во Германија и Австрија

ХРАНАТА ПОСКАПУВА И ДО 50 ОТСТО: „Алди“ веќе најави зголемување, нов инфлаторен притисок во Германија и Австрија

Најголемата европска економија покажа зголемени знаци на слабост во последните месеци. Во последниот квартал од минатата година германскиот БДП падна за 0,7 отсто, нивниот јавен долг се зголеми на 69,3 отсто, што е за 10 процентни поени над границата од Мастрихт, инфлацијата се искачи на цели 7,3 отсто. Сега се најавува дополнително драстично зголемување на цените.

Малопродажниот германски синџир Aldi најави дека очекува цените на храната да пораснат за 20 до 50 отсто во следните неколку недели.

Портпаролот на компанијата изјави дека продажните цени ќе се зголемат најмногу таму каде што навистина има „висок притисок на трошоците“.

„Ние ќе продолжиме да не прифаќаме зголемени барања од производителите и добавувачите кои не се оправдани со зголемените трошоци. Бидејќи исто така гледаме дека нашата задача како трговци на мало е да го спречиме растот на цените во интерес на нашите клиенти“, вели тој.

Во меѓувреме, уште еден поголем трговски ланец најави повисоки цени, а тоа е германскиот гигант REWE, кој ги поседува и Била, Била плус, БИПА и дисконтот Пени во Австрија.


Слично

Поврзани вести