Храната поскапува, а Русите стравуваат од откази
Поради санкциите од Западот, Русите се плашат дека не само што храната поскапе и многу други производи, туку можно е да останат и без работа.
Воведените санкции не се однесуваат на продажба на лекови, но многу големи превознички компании ја прекинуваат соработката со Русија, па сега е тешко да се дојде до некои медицински производи, пишува "Index.hr".
Потрошувачките цени на производите во Русија скокнале за 2,2 проценти во првата недела од инвазијата. Најмногу поскапеле прехрамбените производи.
Цените на шеќерот и житарките веќе овој февруари биле околу 20 проценти повисоки отколку пред една година.
Руските банки се отстранети од меѓународниот платен систем "SWIFT". "Visa", "Mastercard", "American Express", "Apple" i "Google Pay" ги ограничиле своите услуги во Русија.
„Оваа ситуација многу влијае на нашата работа“, вели Наташа, која работи во фитнес центар.
Училиштата за странски јазици кои имаат наставници во други земји не можат да ги платат бидејќи не можат да стават пари на странски сметки.Индија ја разгледува можноста да ја прифати руската понуда за нафта и други стоки по намалени цени, со плаќање во трансакции во рупии и рубљи, изјавија двајца индиски официјални лица.
foto EPA
