Храната поскапена за 24,1 отсто, пресметките се пред да почне војната во Украина
Цените на храната на светско ниво се зголемија за 24,1 отсто во февруари во однос на истиот месец лани. Податоците за февруари беа главно собрани пред руската инвазија на Украина, а аналитичарите предупредуваат дека продолжениот конфликт може да има силно влијание врз извозот на жито.
Ова е највисок забележан раст откако ФАО ги следи цените, а најголемо влијание на порастот има поскапувањето на растителните масла и млекото и млечните производи.
Според податоците на агенцијата на ОН, цените на растителното масло пораснале најмногу во февруари, за 8,5 отсто во споредба со јануари.
Во иднина се очекува рапиднен раст на цените на сонќогледовото масло, затоа што Украина и Русија, две земји инволвирани во конфликт, сочинуваат околу 80 отсто од светскиот извозен пазар.
Цените на житариците се зголемија за 3,0 отсто на месечна основа, како одраз на скокот на цените на пченката од 5,1 отсто и порастот на цените на пченицата за 2,1 отсто, поттикнати од несигурните залихи низ пристаништата на Црното Море.
Само шеќерот падна за 1,9 отсто од јануари, делумно благодарение на поволните производствени изгледи кај главните извозници во Индија и Тајланд.
