Храната поевтини, но оваа земја сепак има инфлација од 31 отсто
Годишната стапка на инфлација во Турција падна на 31 процент, што е најниско ниво во последните четири години.
Годишната стапка на инфлација во државата се намали на 31,07 проценти во ноември, што е најниско ниво во последните четири години, објави денеска Турскиот статистички институт (Туркстат).
Овој износ е значително помал отколку во претходниот месец, кога изнесуваше 32,87 проценти, и е за половина процент под пазарните очекувања од 31,6 проценти.
Главните причини за најниската стапка на инфлација од единаесеттиот месец од 2021 година треба да се бараат во падот на цените на храната и безалкохолните пијалоци на 27,44 проценти во ноември (наспроти 32,87 проценти во октомври). Претходните години, инфалцијата изнесуваше дури 88 отсто.
foto freepik.com
