Економија, финансии, бизнис

Контакт

Храната најмногу поскапе во Турција, втора е Србија, а Македонија е шеста

Храната најмногу поскапе во Турција, втора е Србија, а Македонија е шеста

Дека храната во Македонија значително поскапела, евидентира и Евростат. Во август годинава според Евростат, најголема инфлација на храната имало во Турција, а зад неа е Србија, додека трета е Унгарија. 

Потоа следат Словачка, Полска, Македонија. Зад Македонија, се Естонија, Белгија, Бугарија. Aлбанија е подобра од нас, со 8.4 отсто инфлација. Грција има 10.8 отсто инфлација на храната. Хрватска бележи инфлација од 11.1 отсто. 

Ако Турција е на врвот, на дното на листата е Швајцарија. 

Турција има инфлација на храната од 74.3 отсто, Србија има 17.9 отсто, а Македонија 13.1 отсто. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести