Храна, пијалоци, ноќевања - поскапеа угостителските услуги
Зголемени се цените на угостителските услуги. Зголемување има во групата Храна за 0,4 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,6, Безалкохолни пијалаци за 0,6 и Ноќевања за 0,6 отсто.
Како што објави Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во споредба со ноември 2021, е зголемен за 0,5 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2021 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 1,7 отсто. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2021 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2020 година скокнал за 0,5 проценти.
Слично
