Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХРАНА, ПИЈАЛАЦИ И ТУТУН: Македонците трошат повеќе

ХРАНА, ПИЈАЛАЦИ И ТУТУН: Македонците трошат повеќе

Прометот во малопродажбата во Македонија бележи сериозен раст – особено кај трговијата со храна, пијалаци и тутун, објави денеска Државниот завод за статистика(ДЗС).

Според официјалните податоци, во јуни 2025 година, во споредба со истиот месец лани, реалната стапка на прометот во оваа категорија е зголемена за 22,5 отсто, додека номиналниот пораст изнесува дури 31,5 отсто. 

Во категоријата непрехранбени продукти (освен гориво), реалниот раст е 5,2 отсто, а номиналниот 9,2 отсто. И воопшто, во сите групи (освен трговијата со горива), реалната стапка на пораст е 13,9 отсто, а номиналната 20,4 отсто. 

Значаен раст е забележан и во трговијата со автомобилски горива, каде реалниот пораст е 8,3 отсто, а номиналниот минимален – само 0,7 отсто. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести