ХРАБРИТЕ ПОЖАРНИКАРИ кои им притрчаа на помош на Грците ќе добијат ваучери за летување
До средината на август, околу 1.300 странски пожарникари и повеќе од 250 противпожарни возила беа вклучени во гаснењето на стотици пожари низ цела Грција.
Од благодарност, Грција им понуди „туристички ваучери“ на пожарникарите од 23 земји, меѓу кои и Србија, кои и помогнаа на таа земја во гаснењето на катастрофалните пожари во август.
Овој потег на грчките власти претставува благодарност до стотици странски пожарникари од 11 земји-членки на ЕУ и 12 земји кои не се членки на ЕУ, кои им помогнаа на грчките колеги да ги изгаснат пожарите во кои во август изгореа повеќе од 40.000 хектари на неколку локации во земјата пренесува Грчки репортер.
Ваучерите, според одлуката на грчките власти донесена во петокот, им овозможуваат на пожарникарите да ги користат услугите во областа на туризмот во Грција.
До средината на август, околу 1.300 странски пожарникари и повеќе од 250 противпожарни возила беа вклучени во гаснењето на стотици пожари низ цела Грција.
