HR Innovation Forum во Софија – одлична можност за македонските бизнис лидери и HR менаџери
На 23ти Октомври 2015 година во Софија ќе се одржи HR Innovation Forum во организација на КАПИТАЛ и КАРИЕРИ, на кој ќе бидат дискутирани идните трендови во областа на човечките ресурси и прашањето каде треба да се фокусираат бизнис лидерите во наредните години кога станува збор за водење и управување со луѓето.
Настанот е еднодневен и ќе биде одржан во Sofia Hotel Balkan, на 23ти Октомври, петок, кој воедно е и неработен ден во Македонија. Цената на картата изнесува 61 евро (без ДДВ) за карти купени до 30ти септември. За регистрација по 30ти септември цената изнесува 92 евра (без ДДВ).
Конференцијата е наменета за локалните и регионални бизнис лидери, менаџери и професионалци од областа на човечките ресурси. На настанот говорници ќе бидат професионалци од областа на човечките ресурси со импресивни биографии и долгогодишни искуства во индустријата. Frank Kohl-Boas – менаџер за човечки ресурси во Google и одговорен за DACH, Nordics и Benelux; Albert Hakkers – поранешниот директор за човечки ресурси на Microsoft; Tom Haak – основачот и првиот директор на HR Trend Institute се само дел од говорниците на овој настан.
Некои од темите кои ќе бидат покриени на настанот се:
- Која е организациската структура на иднината
- Како технологијата и социјалните медиуми влијаат на индустријата на човечките ресурси
- Техники за наоѓање и регрутација на таленти
- Кои се ефективни обуки во константно променлива средина
- Иднината на работниот простор – како да ја зголемите креативноста на луѓето
- Иднината на работните места – работа/животен баланс, работа од дома
Слично
