Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали лидерите во Србија и Косово имаат поголема храброст од оние во Скопје и Атина?

Дали лидерите во Србија и Косово имаат поголема храброст од оние во Скопје и Атина?
Македонија мора да добие јасен одговор од Европскиот Совет наместо постојано одложување на датумот за преговори, побара европратеникот Ричард Ховит во својот говор за напредокот на земјава пред Европскиот парламент. Тој истакна дека преговорите за пристапување кон ЕУ треба да започнт без понатамошно одложување. Сепак , рече Ховит, годинава како одговор на етничките тензии во август и на политичката криза од 24 декември, сериозно е загрозен идниот напредок на Македонија кон Европа, а доведен во прашање е и демократскиот кредибилитет на земјата. Оттука, истакна  Ховит, ние не можеме да Ве тераме да бидете дел од Европската унија и тоа да го сакаме повеќе од Вас. Тој побара итно формирање на Комисијата за истрага на настаните од 24-ти декември и вистински напредок во обезбедување на слободата на изразувањето за која смета дека е сериозно уназадена, но побара и напредок кон конечно решавање на спорот името. „Европа го поздравува напредокот меѓу Србија и Косово. Оние лидери не мора да покажуваат помалку храброст отколку онаа која се бара денес меѓу лидерите во Атина и во Скопје. Навистина се плашам дека единствено само ако се направи напредок во решавање на спорот со името, ќе може да остане малку надеж за јуни“, истакна Ховит. Но, овој парламент постави јасни прашања во врска со Европскиот Совет рече Ховит и запраша „Дали ги користите предизвиците на земјата како удобен изговор? Дали сте размислиле што ќе се случи ако оваа земја се врати назад кон конфликтите и поделбите? Ако ја погледнеме минатата година, дали Европскиот совет ја прифати сопствената одговорност од постојаното одложување и отфрлање?Мојот извештај беше одложен и во овој Европскиот парламент во очекување на договор за надминување на политичката криза. Јас сега се плашам дека Европскиот совет можеби ќе треба да размисли за одлагањето на одлуката во јуни. Можеби треба подобар исход од уште една отфрлање?“ „Она што јас го знам е дека ова е земја и на луѓето кои заслужуваат шанса“, додаде Ховит кон крајот на своето обраќање.
Слично

Поврзани вести