Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ховит: Постоеше „прозорец“ за решение за името, сега треба да чекате нов

Ховит: Постоеше „прозорец“ за решение за името, сега треба да чекате нов
Веќе поранешниот известител за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, кој заедно со неговиот налседник на функцијата Иво Вајгл престојува во Скопје, денеска одржа јавно предавање, на кое, како што вели, од позиција на пријател, повторил „неколку тешки вистини“ за земјава. Ховит најпрвин прашува дали постои локална политичка волја во земјава за членство во ЕУ, со оглед на тоа што Европската унија не може да посакува повеќе европска иднина за оваа земја, отколку што тоа го сакаат македонските граѓани. „Верував дека постоеше временска рамка во која беше возможно решение на долготрајниот спор за името со Грција, кој де факто го попречува почетокот на преговорите за членство во ЕУ.  Кажав дека кога сличен прозорец одново ќе се појави, земјата не смее повторно да ја пропушти можноста“, рече Ховит. Според неговиот кабинет, на предавањњето тој потсетил дека за доброто на македонските граѓани не постои одржлива алтернатива надвор од Европа. Тој истовремено предупредил дека е потребна постојана будност за да се спречи секој развој на настаните што може да доведе до враќање кон конфликт. Притоа, британскиот европарламентарец констатирал назадување во реформите, како и губење на интерес за земјава од страна на „пријателските“ земји-членки заради нерешливоста на ненејзините проблеми. „Процесот на приближување кон ЕУ е како возење на велосипед - морате постојано да се движите нанапред, зошто во спротивно ризикувате сосема да паднете“, вели Ховит. Тој вели дека останува на проценката оти земјава ги исполнува копенхашките критериуми и може да ги започне преговорите, но додава дека е потребен и иновативен пристап за да се одблокира заглавениот интеграциски процес. Ховит останува известител на Македонија во сенка и во новиот мандат на Европскиот парламент, додека неговата досегашна позиција на известител и подготвувач на извештаите за земјава ја презема Словенецот Иво Вајгл.
 
Слично

Поврзани вести