Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ховит: Посетата на Венизелос е шанса – искористете ја!

Ховит: Посетата на Венизелос е шанса – искористете ја!
Исклучително важна е претстојната посета на шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Скопје, проценува известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит. Ховит денеска допатува во Македонија за да се обиде, како што вели, да придонесе за посетата на Венизелос да биде успешна и да донесе придвижување во пресрет на јунскиот Европски совет.
“Имав приватни разговори, долги и продуктивни со Венизелос во Стразбур и мојата молба кон политичарите тука и сите во ова општество е да искористат пред неговата посета, за време и после тоа да се создаде атмосфера за посетата да биде успешна“, апелираше Ховит.
Ховит престојува во дводневна посета на земјава, а веќе оствари средби со вицепремиерот за евроинеграции Фатмир Бесими и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Утре известувачот ќе има и свое обраќање на конференцијата „Демократијата, владеењето на правото и слободата медиумите - клучни критериуми во напредокот кон Европската унија“.
Слично

Поврзани вести