Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ховит: Политичкиот дијалог, медиумите и односите со Бугарија – главни предизвици за Македонија

Ховит: Политичкиот дијалог, медиумите и односите со Бугарија – главни предизвици за Македонија
Исполнувањето на препораките од Анкетната комисија за 24 декември, подобрување на меѓу соседските односи со Бугарија и итно подобрување на слободата на изразување. Ова се трите области кои известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит посочи дека треба да се исполнат до Самитот во декември, ако Македонија сака да има поголема шанса за добивање датум за преговори со ЕУ. Според Ховит, во Македонија е создадена атмосфера на притисоци и страв, заклучува тој по неговата тридневна посета на земјава.  Не се само Грција и Бугарија тие кои треба да се убедат дака македонија е спремна за датумот за прговори, смета Ховит, потребно е да се убедат повеќе од две земји членки на ЕУ кај кои постои загриженост за моменталните состојби. Во препораката која се однесува на Анкетната комисија за настаните од 24 декември, тој нагласи дека е потребно да се врати политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата. Загрижен е  и за притисокот кој државните институции го вршат врз Општина Центар. Високо во приоритетите го спомена подобрувањето на бугарско - македонските односи до декември, а укажа и на потребата од силана акција за средување на состојбите со слободата во медиумите, притоа споменувајќи го и случајот со пресудата за новинарот Томислав Кежаровски. Притоа ја повика ја владата да го одобри барањето на претставничката на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ да го посети Кежаровски во затворот, но и да преиспита дали минималната казна за заштитен сведок е во согласност со европските норми. ЗНМ , рече Ховит,  не треба да биде единствениот глас на новинарите, но не смее да се доведува во прашање легитимитетот на здружението, смета тој. „Не се фокусирав на прашањето за името, но го повторив моето охрабрување и барање да се постигне фер компромис меѓу двете страни. Демократските прашања се многу важни за обезбедување на позитивна одлука наскоро или во било кое време. Но аргументот во Извештајот на Европската комисија, но и оној кој јас ќе го подвлечам и во мојот извештај во Европскиот парламент, е отворање на преговорите со скриниг на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на владеењето на правото и демократските процеси. Тоа ќе обезбеди повеќе контрола, дијалог, преговори, по прашањата кои не загрижуваат“, истакна Ховит за време на денешното обраќање во ЕУ инфоцентарот во Скопје.
Слично

Поврзани вести