Ховит: Можно е Македонија да го изгуби кандидатскиот статус во Унијата!
Навистина до крајот на оваа година, не можам да предвидам дали Македонија ќе биде земја во која пристапните преговори со ЕУ почнаа? Или ќе биде онаа земја која може целосно да го изгуби својот кандидатски статус?
Поставувајќи ги овие прашања известувачот за Македонија Ричард Ховит во вчерашниот говор предупреди на најлошото можно сценарио, губење на кандидатскиот статус и дефинитивно збогување со европските надежи. На другата страна, како што истакна Ховит останува, почетокот на преговорите, но претходно Македонија ќе треба добро да се помачи, односно, да ја разреши латентната политичка нестабилност во земјата, и се разбира да го реши спорот за името.
„Ние не можеме да Ве тераме да бидете дел од Европската унија и тоа да го сакаме повеќе од Вас“, рече Ховит.Тој побара итно формирање на Комисијата за истрага на настаните од 24-ти декември и вистински напредок во обезбедување на слободата на изразувањето за која смета дека е сериозно уназадена, но побара и напредок кон конечно решавање на спорот името, правејќи паралела на односите и напредокот меѓу Србија и Косово.
„Навистина се плашам дека единствено само ако се направи напредок во решавање на спорот со името, ќе може да остане малку надеж за јуни“, истакна Ховит.По говорот на Ховит во кој јасно се исцрта патоказот, Македонија останува пред силен предизвик. Дали македонските политички елити овојпат ќе ги сфатат пораките ќе се знае наскоро, веројатно по или до јунскиот европски самит.
„Дали сте размислиле што ќе се случи ако оваа земја се врати назад кон конфликтите и поделбите“, праша синоќа Ховит.Одговорот на тоа е јасен, најмногу ќе трпат граѓаните и економијата секако, како и во секоја поделба или судир. Редакција Фактор
Слично
