Хотелите заработиле 20 проценти повеќе, рекорден број туристи во оваа земја…
Приходите на хотелите се зголемиле оваа година за околу 20%.
Над еден милион романски и странски туристи го посетија романското црноморско крајбрежје оваа година, а бројот е рекорден за последните 20 години, соопшти агенцијата Аџерпрес, повикувајќи се на заменик-претседателот на Федерацијата на работодавачи во романскиот туризам ,Драгош Радукан.
Радукан изјави дека во 2016 година бројот на романските туристи, кои одмараа во својата земја е со 11% повисок отколку во 2015 година, а на странските туристи - со 10%.
Според него, туристите трошат помеѓу 100 и 120 леи дневно по човек (едно евро се разменува за 4,44 романски леи).
Федерацијата на работодавачи во романскиот туризам очекува зголемување на бројот на туристите и следната година, откако приходите на хотелите се зголемиле оваа година за околу 20 %. Овие средства ќе бидат инвестирани на прво место во подобрување на квалитетот на понудените услуги.
