Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хотелите полни, влезниците продадени – почнува фестивалот „Браќа Манаки“

Хотелите полни, влезниците продадени – почнува фестивалот „Браќа Манаки“
Јубилејното 35-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ започнува вечерва во Битола. Реномираниот филмски фестивал се одржува под покровителство на шефот на државата Ѓорге Иванов. На свеченото отворање на овогодинешното издание на „Браќа Манаки“ присуствуваат тројца оскаровци - актерката Жулиет Бинош, и кинематограферите Лука Бигаци и Крис Менџис. Сместувачките капацитети во Битола се речиси 100% исполнети од љубители на филмот. Нема место во хотелите, па дури и дел од приватното сместување е однапред резервирано, а Битола очекува фестивалот да и донесе и значителни туристичи приходи. Битолскиот градоначалник Владимир Талески вчера  соопшти дека интересот е огромен и оти влезниците за филмските проекции се веќе распродадени. „Општина Битола максимално се подготви за пречек на гостите од државата и странство, сите капацитети се исполнети и за жал влезници за филмските проекции нема“, рече Талески. Овогодишниот Фестивал се одржува под мотото „Кон ѕвездите", во чии рамки во осум програмски категории ќе бидат прикажани 76 филма. Од нив 20 се домашни проекти, односно копродукции во кои учествува и Македонија. Покрај тоа, надвор од филмска конкуренција на „Браќа Манаки" ќе бидат прикажани и новите два македонски филма, „До балчак" на режисерот Столе Попов, како и социјалната драма „Деца на сонцето", во режија на Антонио Митриќески. Фестивалот трае до 19 септември.  
Слично

Поврзани вести