„Хотели Метропол“ откупи сопствени акции
Согласно Одлуката Бр.02-180/12 за стекнување сопствени акции со откуп донесена на Собрание на акционери на 17.05.2016 година, ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД ОХРИД на17.11.2016 година преку трговска трансакција на Македонска Берза АД Скопје изврши откуп на 2.000сопствени акции .
По извршениот откуп Друштвото поседува вкупно 10.611 сопствени акции, што претставува 1,025% од основната главнина.
„Хотели Метропол“ со добивка од 24.8 милиони денари
Во периодот од 01.01.2016 дo 30.09.2016-та година, Хотели Метропол АД Охрид во своето работење бележи намален број на ноќевања од 13,47% во однос на истиот период во 2015-та година или остварени 57.364 ноќевања, а притоа е остварен позитивен финансиски резултат во износ од 24.874.676,00 денари.
Oстварениот вкупен приход од 119.259 илјади денари е за 11,74% помал во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 135.129 илјади денари.
Вкупните расходи во износ од 94.384 илјади денари се намалени за 4,35% во однос на расходите во истиот период од минатата година, кога беа во износ од 98.679 илјади денари.
Oстварениот финансиски резултат е позитивен исто како и во овој период од минатата година и е со мало отстапување во однос на проектираните параметри за работењето на Хотели Метропол АД Охрид за тековната 2016-та.
