Хотели Метропол донесе одлука - Колку сопствени акции ќе откупи?
АД Хотели Метропол со одлука донесена на Собранието на акционери реши да изврши откуп на сопствени акции преку Македонска берза. Според одлуката донесена денеска Хотели Метропол цената на откуп на акциите минимално ќе биде поставена на 100 денари, а цената максимално ќе треба да се движи до 400 денари по една акција.
Хотели Метропол исто така одлучи откупот на акции да не надмине 1/10 од основната главнина на друштвото, заедно со основните акции кои се стекнати претходно или друштвото сега ги држи.
Правата од стекнатите акции ќе бидат ставени во мирување, а откупот на акции треба да се изврши во текот на наредните 12 месеци. Во одборот на директори на Хотели Метропол се повлекоа Горан Ташков и Јасмина Ѓеоргиеска, а на нивно место се избрани Филип Мишевски и Марина Симоноски како член и неизвршен член. Тие ќе земаат месечен надоместок од 15.000 денари.
