Хотел Долче – Место каде професионалците уживаат и го развиваат бизнисот
Во непосредна близина на центарот на Скопје, во доста мирно место во Дебар маало, сместен е модерниот хотел Долче кој од 2014-та прераснува во вистински избор за сите професионалци, странски и домашни туристи.

Предводен од искусниот финансиски експерт Драган Лесиќ и неговиот тим, хотел Долче е замислен како место каде професионалците може да поминат продуктивно време за состаноци со нивните партнери и потенцијални деловни соработници.

На Лесиќ шега додава и дека поради неговото големо искуство во бизнисот понекогаш и гостите ги фаќа „мајата“ па и нив полесно им тргнува бизнисот.

Менаџментот на Долче ја добива довербата на домашните компании кои имаат потреба од сместување на нивните гости од странство. На располагање им е современа конференциска сала каде може да се држат бизнис презентации, да се разговара за идните чекори на соработката, како и да се ужива во сите поволности кои ги нуди хотелот Долче.

Сместувачки капацитет опфаќа 20 соби уредени со удобен и модерен мебел со обезбедени врвни погодности за гостите. Хотелот располага со сопствен паркинг простор кој е под постојан видео надзор, а на располагање е и шатл превоз за потребите на гостите. Истотака соработува со сите врвни кафеани, рентакар фирми и салони за масажа во опкружувањето за потребите на своите гости.

Персоналот на Долче е високо професионален и посветен на своите гости, за што доволно говорат високите оценки на сите меѓународни веб сајтови за туризам и сместување меѓу кои TripAdvisor, Expedia, HRS, Booking.com (9.0 рејтинг) и други, како и самите сведочења на гостите кои се презадоволни од услугата на вработените, мирната атмосфера и комоцијата, па затоа се полни со пофалби.

Менаџерката Ивана Божинова открива дека во хотел Долче досега престојувале и голем број на балкански музички и филмски ѕвезди. Соработката со многу агенции, компании и државни институции им овозможува постојано да имаат гости од „висок“ калибар.

- За нивните потреби Долче е секогаш подготвен да одговори, од организирање тури во најпопуларните туристички локации во Скопје и цела Македонија, до релаксација во фитнес центарот и кафе барот во склоп на хотелот, вели Божинова.

Божинова ни откри и дека гостин од Кина кој престојувал цел месец во хотелот Долче отворил успешна ИТ компанија, благодарение на продуктивно искористеното време во Скопје.

Хотелот Долче и хотелот Сити Централ кој се наоѓа во градскиот трговски центар се целосна сопственост токму на Драган Лесиќ кој најавува дека нема да застане тука и планира нови инвестиции во хотелиерството и спа туризмот во Скопје. На тој начин има амбиција да продолжи со одржување на високи стандарди, но и да помогне да се доразвие бизнис мрежата.
Автор: Христијан Станоевиќ