Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хороскопските знаци сакаат покрај себе личност која изгледа…

Хороскопските знаци сакаат покрај себе личност која изгледа…
Шампион за убавина и естетика е Вагата. Имаат око како детектор и можат да ги проценат луѓето со стил. Сакаат покрај себе личност која изгледа… …убаво и секогаш се труди околу изгледот. Со слични карактеристики се и Лавот и Девицата. Лавот прв паѓа на луѓе со добар изглед, реагира на класична, вечна убавина обоена со сексипил, додека Девиците пак сакаат посталожени личности, интелектуалци и уредни девојки/дечки. Стрелците се познати по уживањето во животот, па така и ги регистрираат припадниците на спротивниот пол. На нив им се важни и карактерот и авантуристичкиот дух. Водолијата сака егзотични ликови, припадници на друга раса и поднебје. Бикот е оној кој најмногу сака шармантни личности, изразито машки особини и облини кај жените, расна и вистинска убавина. Скорпијата е трагач која не ја интересира убавината – повеќе сака партнер кој ќе ја забавува. Овенот исто не е заинтересиран за убавината: ако некој изгледа прекрасно, а е празен во душата – нема воопшто ни да го погледне. Рибите имаат свои стандарди за убавина – често ги заинтригираат луѓе кои се далеку од идеални, кои ќе предизвикаат вибрации кај нив. Јарецот дури и се плаши од совршени луѓе и секогаш е внимателен со нив. Тој сака нормална, природна, атрактивна личност. Раковите сакаат убави партнери, но маните ги сметаат за симпатични. За цврста врска пресудна им е емотивноста. Близнаците ретко паѓаат на убавина. Повеќе го ценат односот и комуникацијата. Сепак не одолеваат на згодни и шармантни заводници.
Слично

Поврзани вести