Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хороскопски знаци што треба да се држат подалеку еден од друг

Хороскопски знаци што треба да се држат подалеку еден од друг

Во хороскопот постојат неколку Хороскопски сојузи, кои се невозможни. За да бидете среќни и задоволни во љубовта задолжително треба да избегнувате Хороскопски знак со кои не си одговарате.

Овен - не одговара со Близнаци, Девица и Риби Обидите на Девицата да го промени Овенот нема да се прифаќаат воопшто добро од огнениот и импулсивен знак. Врската помеѓу Овен и Близнаци исто така е проследена со доста кавги. Прекумерна сентименталност и одбивност на Рибите ги иритира овните, кои често зборуваат пред да мислат.

Бик - не одговара со Овен, Близнаци и Стрелец Хороскопскиот знак Бик треба да стои далеку од Овен, бидејќи скандалите кај нив ќе се секојдневие, а инаетот и на двата знаци ќе ги спречува да се помират. Бик и Близнаци не си одговараат во љубовта, затоа Близнаците се доста непостојани, додека Бикот бара безбедност. Стрелците пак се премногу слободољубиви за опседнатите Бикови.

Близнаци - не си одговараат со Бик, Риби и Рак Биковите никогаш нема да се навикнат на авантуристичкиот начин на живот на Близнаците. Со Раковите исто така нема да си одговараат, бидејќи тие се премногу монотони. Силната чувствителност на Рибите нема да им се допадне на Близнаците.

Рак - не одговара со Овен, Близнаци и Стрелец Љубомората и бујни скандали, на кои овните се способни, нема да им одговараат на Раковите. Варијабилноста на Близнаците исто така не се вклопува во нивните претстави за врска. Раковите треба да ги избегнуваат и Стрелците, бидејќи од нив нема да ја добијат бараната безбедност.

Лав - не одговара со Близнаци, Јарец и Риби Лавовите имаат навика несвесно да ги навредуваат другите, заради што Рибите не се соодветна партнерка за нив. Лав и Јарец исто така не си одговараат, бидејќи и двата лика се многу нападни и сакаат да доминираат над партнерот. Лавовите треба да ги избегнуваат и Близнаците, бидејќи тие тешко би им се потчиниле.

Девица - не одговара со Овен, Вага и Водолија На Девицата нема да и се допадне себичноста на Овенот и склоноста да се однесува како началник во една врска. Вагата е поставена на премногу романтичен бран за прагматичните Девици, а со Водолија ги очекуваат многу скандали, бидејќи тие нема да дозволат некој да ги опседне.

Вага - не одговара со Рак, Девица и Шкорпија Вагата немаат иднина со Девиците, бидејќи со нив нема да ги постигнат хармоничните односи, за кои сонуваат. Со Скорпионите исто така не ги очекуваат емоции, бидејќи Скорпионот е премногу мрачен за Ведрата Вага. Врска со Рак исто така нема да успее, бидејќи Тие го бараат традиционалното, а Вагата сака да експериментира.

Шкорпија - не оди со Овен, Близнаци и Стрелец Скорпионите и овните се со доста сличен темперамент, но со постојаните скандали и големата неподносливост меѓу нив ќе пропадне нивната врска. Со Близнаците исто така не си одговараат, бидејќи тие постојано ќе поттикнуваат сомнителност на Шкорпијата. Врска помеѓу Шкорпија и Стрелец исто е осудена на неуспех, бидејќи со стрелец Скорпионот нема да ја добие бараната безбедност.

Стрелец - не оди со Бик, Рак и Девица Склоноста на Бик да го поседува партнерот нема да им се допадне на слободољубивиот Стрелец. Ракот пак е лишен од импулсивност која огнените знаци ја обожаваат. Стрелец и Девица исто така нема да најдат заеднички јазик поради склоноста на Девите да го критикуваат партнерот за сè.

Јарец - не си одговара со Овен, Близнаци и Стрелец Овенот е премногу нетрпелив и нервозен за спокојниот Јарец. Близнаците и Јарците исто така немаат иднина, заради потребата од постојана промена на близнаците. Јарец и Стрелец треба да се држат подалеку еден од друг, бидејќи се полни со спротивност во секој аспект.

Водолија - не одговара со Бик, Рак и Девица Водолија нема да го бендиса Бикот, бидејќи не и ја дава потребната слобода. Со Ракот исто така нема да си одговараат, бидејќи тие ќе и изгледаат прилично здодевни на Водолијата. Девиците ќе ги одбијат со склоноста да го критикуваат секое нивно дејствување.

Риби - не си одговара со Овен, Близнаци и Лав Агресивното однесување и нетактичност на овните ќе ги заплашуваат Рибите. Рибите треба да избегнуваат врски и со Близнаци, бидејќи тие се премногу невоздржани и неразумни за нив. Рибите и Лавот исто така не си одговараат, бидејќи Лавовите се многу груби.

Слично

Поврзани вести