ХОРОСКОПОТ ВИКА ДА ГИ ЗЕМЕТЕ НИВ: Овие жени се најдобри за брак!
Брачниот живот е нешто што ве менува многу, да не речеме од корен.
Доколку вие, господа, размислувате да стапите во брак, а за партнерка имате припадничка на еден од овие знаци, тогаш сте на вистинскиот пат да го направите најдобриот избор. Дознајте кои партнерки се најдобри сопруги!
Кога еднаш ќе освоите жена-Рак, таа ќе ве сака безусловно и ќе биде речиси подготвен дури и на крајот на светот да оди со вас и поради вас. Нејзините чувства се секогаш интензивни. Крај неа конечно ќе сознаете што значи да имате покрај себе вистинска жена. Подготвена е да направи сè за избраникот на нејзиното срце да биде најсреќниот човек на светот. Крај неа ќе живеете како „бубрег во лој“, опкружени со највкусни јадења во удобниот и топол дом. Во прегратката на таквата жена секој маж би трчал по напорниот ден на работа! Децата се свети за неа и секогаш нивните потреби ќе ги става пред своите. Тука на сцената стапувате вие да ја одмените, да ù овозможите малку пауза и да ù возвратите за сè она што таа го прави за вас. А сè што очекува од вас е да ја мазите, пазите и да бидете искрени.
ЛАВ
Лавицата е силна и остра, вистинска женка и воинка. Ова е жена со неверојатна сила и способност, ама и неа ќе ù треба некој кога капачето на теглата со кисели краставички ќе се заглави. Таа бара еднаков на себе, па крај неа никако нема да бидете само обичен маж, туку супермен! Ќе ја обожавате и секогаш ќе се прашувате во што е финтата. Сè што прави за вас, го прави со целото свое битие. Нема да сретнете жена која ќе ве сака повеликодушно од неа. Кога се лути, се лути најубаво на светот. Кога нешто бара, тогаш секоја нејзина желба за вас е заповед. Крај неа, конечно, ќе осознаете што е тоа несебична и права љубов. Таа и за своите деца се бори како лавица. Секогаш ќе биде на штрек. Тешко на оној кој ќе се обиде да им направи нешто лошо или да каже лош збор за нив. Од вас бара само едно – да ја обожавате, но што е тоа во споредба со занесот што ви го дава.
ЈАРЕЦ
Пред жената-Јарец секој би паднал на колена, па зошто не и вие? Силна како црната земја, таа ќе поднесе сè, а додека вложува надчовечки напори да го направи она што го замислила, нема да забележите ниту капка пот на нејзино чело. Она што на секој просечен човек би му го скршило 'рбетот, оваа дама ќе ви го изнесе така ненаметливо и достоинствено, што ќе се запрашате дали воопште сте ù достоен? Ако заклучите дека сте, бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори постојано и топло кога сите други ќе згаснат. Таа не живее во фантазии, туку цврсто на земјата и добро знае што од кого може да очекува. Ако сте успеале да привлечете таква жена, а се прашувате како ви успеало тоа, знајте дека таа можеби ве гледа во подобро светло отколку што се гледате вие самите. Таа знае колкав сте човек и колку вредите. Ќе даде сè од себе од вас да го извлече најдоброто. Како мајка ќе биде строга, но праведна. Таа одгледува победници и владетели. Сè што бара од вас е да покажете карактер и упорност, а таа со задоволство ќе ви покаже како – со својот личен пример.
Слично
