Прочитајте што велат ѕвездите за 2016 година за секој хороскопски знак. Овен Јануари е одличен месец за напредување на работа, но Овните во врски ќе мораат да донесат многу важна одлука. Ќе бидете финансиски многу стабилни во февруари додека љубовниот живот ќе ви биде возбудлив, но комплициран. Обрнете внимание на болката во нозете и коленото. Март ќе биде месец на промени па поради зголемениот стрес обрнете повеќе внимание на вашето здравје и повеќе консумирајте храна за детоксикација. Во април ќе балансирате меѓу работата и љубовта. Доколку ви тргне, ова ќе биде одличен период за вас. Мај ќе биде месец на просперитет, па би било одлично доколку одите на кратко патување со семејството. Ќе има големи застои поради Меркур. Во текот на јули ќе бидете методични во комуникацијата со партнерите на работа. Август ќе бидете исполнети – и пари и љубовниот живот ќе ви биде одличен. Септември ќе внесе многу драма во вашиот живот и ќе мора да направите големи промени кога станува збор за вашето здравје. Вашите вештини ќе бидат ставени на тест во текот на октомври, додека ноември ќе биде месец на трансформирање и подмладување. Ќе бидете на врвот кога станува збор за работата во декември, а истото се однесува и за љубовните односи. Бик Јануари е одличен месец да се фокусирате на вашата кариера, а во љубовните односи ќе владее целосно блаженство. Во февруари ќе планирате важен проект на работа, додека март е месец на пријателството и дружењето, но можно е да ве преокупираат и решавање на одредени проблеми и прашања. Вашиот љубовен живот во април би можел да биде на удар, па затоа внимавајте. Во мај ќе бидете преокупирани со вашата здравствена состојба бидејќи можно е да имате проблеми со нозете. Во јуни немојте да донесувате поголеми одлуки што се однесува до работата. Во јули ќе се појават нови можности за нова љубов. Не претерувајте со трошењето на пари. Во текот на август ќе се посветите на преуредување на просторот во кој живеете, но можеби нема да оди се` по планот бидејќи можно е да имате проблеми со стомакот. Вашиот начин на живот во септември би можел да претрпи драстични промени. Во текот на октомври ќе запознаете нов партнер – и на љубовен план и на професионален. Обрнете внимание во текот на ноември, особено ако сакате да се ослободите од вишокот килограми. Во декември доаѓа до ваша целосна трансформација и напредок. Близнаци Неверојатен напредок на полето на кариерата во јануари, но поради тоа семејниот живот би можел да страда. Во февруари ќе ви се отвори нова можност за работа и патување. Март ќе биде прилично тежок на полето на емотивни односи, па ѕвездите ви препорачуваат добро да размислите пред да се впуштите во нова врска. Во април се` ќе биде во знакот на семејството и подобрените односи меѓу вас, додека мај ви подготвува нови флертови и врски, а потенцијалните партнери ќе ги барате исклучиво на работа. Во јуни приходите ќе ви бидат прилично стабилни, а тогаш одите на годишен одмор. Ќе уживате во пари, добра работа и среќни моменти со семејството во текот на јули, додека август треба да бидете подготвени за работни и лични конфликти. Многу возбудувања ви донесува септември, а финансиите ќе се стабилизираат веднаш штом ќе се промени фазата на месечината. Во октомври обрнете внимание на вашето здравје, одберете диета и режим на вежбање. Ова е одличен месец доколку сакате да стапите во брак или доколку сакате да го проширите семејството. Ретроградниот Меркур пристигнува во ноември, па затоа бидете трпеливи и подгответе се за возбудувањата кои следуваат. Во декември ќе бидете преокупирани со социјалните случувања, а многу парови кои веќе биле верени ќе се решат да се венчаат. Рак Поради недостаток на пари во јануари ќе бидете малку под стрес, но ова ќе биде одличен период за работа. Не влегувајте во нови врски во текот на февруари, но тогаш ќе успеете да се изборите со уморот. Во март повеќе ќе се занимавате со кариерата отколку со семејството, додека во април доаѓа до зголемување на платата или преминување на подобро работно место. Поради присуството на Марс, мај ќе биде доста динамичен и можни се недоразбирања со партнерот. Во јуни треба повеќе внимание да обрнете на себеси, но и да го разгалите партнерот со романтични подароци. Јули е месец на целосен хедонизам во сите сфери на животот, додека август би бил идеален за одмор со вашиот партнер. Во септември ќе се посветите на семејството, родителите, децата и пријателите. Особено мајките родени во знакот на Рак ќе реализираат прекрасен однос со своите деца. Во октомври финансиите ќе бидат нестабилни но тоа нема да ве спречи да сакате да имате дете. Во ноември ќе бидете особени продуктивни на работа, но обрнете внимание на вашето здравје. Декември целосно ќе го посветите на вашата кариера, но треба да се занимавате со алтернативни начини на лекување за да го зајакнете вашето здравје. Лав Најветувачкиот месец од сите за љубовта, работата и здравјето е токму јануари. Во февруари обрнете внимание на вашето здравје, бидејќи за брзо време ќе го занемарите. Во март решете ги сите конфликти, бидејќи ова е одличен момент за целосен почеток. Без разлика дали сте на работа или дома, во април ќе мора да се фокусирате на донесување на многу вистински одлуки. Мај за вас ќе биде тежок, бидејќи ќе дојде до одредени несогласувања и на професионално поле и на љубовно поле, а во јуни ќе мора да бидете доста внимателни и да повлечете што помалку потези. Иако во јули ќе има многу одложувања, се` ќе оди според планот. Бидете смирени и не донесувајте брзи одлуки, бидејќи иако август е месец полн со среќа, ќе мора да бидете подготвени на расправии со партнерот во врска со финансиите. Во септември ќе дојде до драматична промена во животот, многу бракови ќе поминат низ голема криза, но затоа барем слободните Лавови ќе уживаат во новите врски. Обрнете внимание на вашето семејство во текот на октомври, а ова е одличен месец доколку сакате да имате дете. Во неомвери повеќе внимание обрнете на вашето здравје, а алтернативните методи на лекување можат одлично да делуваат. Декември ќе биде исполнет со забава и возбудување, па потрудете се се` околу вас да биде максимално позитивно. Девица Ќе го поминете јануари во правење планови за иднината, додека февруари ќе се обидете да пронајдете начин како да избалансирате во професионалниот и приватниот живот. Во март потрудете се да не станете жртва на преголем стрес и подгответе се за големи промени. Во април ќе напредувате и на професионален и на љубовен план, а наскоро ќе се зголемат и вашите финансии. Многу можности ќе ви се отворат во текот на мај, што е одлично за напредување во кариерата. Во јуни сите проблеми ќе се решаваат на начин на кој вие сте замислиле, љубовта ќе биде малку во криза, но затоа планирајте бизнис патување. Јули е одличен за напредување во кариерата и образованието, но ретроградниот Меркур може да остави трага врз вашето здравје. Во август ќе се појават одредени семејни проблеми, но не дозволувајте да ви го рушат фокусот. Голема е веројатноста во септември да ја запознаете вашата вистинска љубов. Научете да се опуштите, па финансиите ќе цветаат. Во октомври ќе бидете финансиски стабилни бидејќи ве очекува одлична заработка. Ова е момент кога треба да се поврзете со роднините и пријатели со кои одамна не сте се виделе. Во ноември ретроградниот Меркур ќе влијае врз вашите комуникации со околината, но ова е одличен период доколку сакате да започнете нов бизнис. Во декември ќе мора да се сконцентрирате на сопственото здравје, а одредени случувања во семејството ќе ви одземаат многу време.