ХОРОСКОП – КОЈ ЗНАК КАКО ЛАЖЕ
Лажењето не е убаво, сите го знаеме тоа. А што се однесува до хороскопските знаци, има различни ситуации за различни знаци. Некои лажат сушат, некои немаат врска од лажење, а некои се збунуваат и сами се лажат. Какви сте Вие?
Овните лажат ретко и неумешно, и за нив може да се каже дека се едни од најлошите лажговци. Импулсивно се одлучуваат на лага, иако така со вжештена глава често забораваат што кажале во афект, па вториот пат раскажуваат друга приказна.
Близнаците се најголеми лажговци како хороскопски знак. Кога лажат, прават невини фаци, и знајте дека ве лажат. Тие тоа го прават за забава, глумат и мислатт дека лагата на никого неможе да наштети.
Шкорпијата е исто така доста уверлив лажго – измислува безобразно и ладно, но често не за да им наштети на другите туку само да ја провери туѓата интелегенција. Всушност, шкорпијата се бара себе си во луѓето или уште подобро гледа предизвик во нив.
Лавот не лаже, туку ги преувеличува своите доживувања, и од нив сака да направи интересни приказни, верувајќи дека истите некогаш ќе му се случат навистина.
Стрелците се слични како и овните – вистината е нивно најсилно оружје па се чувствува несигурен кога лаже. Тогаш црвенее, и се моли да не го откријат во својата лага.
Водолиите се против лажењето, но се спремни на компромис и да ја скријат вистината, сметајќи дека така ќе спасат некоја врска или ќе спречат пријателите да бидат повредени.
Вагите ги заобиколуваат лагите ако тоа е возможно, па така попрво би премолчеле или директно би ја промениле темата на разговор љубезно насмеани. Ако се во ситуација да мораат да лажат, лагата ја ублажуваат со некоја непријатна ситуација.
Раковите тешко ќе ги фатите во лага – имаат одлична меморија и точно знаат што кажале и на кого. Па кога не сака да се конфронтира, бега.
Рибите лажат мајсторски, но тоа често се ситни мали лаги за секојдневните случувања, бидејќи често ги одложуваат своите обврски.
Кај јарците, нивните лаги се добро смислени и имаат алиби, уверливи причини и оправдувања. Тие лажат ретко и лагите ги кажуваат во афект.
Бикот измислува работи само во некои ситуации, инаку презираат се што не е вистинско и конкретно. Кажуваат полувистини во кои и самите почнуваат да веруваат.
Девиците многу ретко се служат со лаги, но кога веќе ги употребуваат, тогаш ги кажуваат и изработуваат до најситниот детал, а најечсто се поврзани со здравје и работа.
Слично
