ХОРОСКОП: Кој е најголем спанко во зодијакот?
На Овенот му е најважно да се опушти пред спиење
Склони се кон несоници. Исто така нивните сонови се многу реални и интензивни, па неретко ги будат. Најтешко им еда се опуштат од напорниот работен ден.
На Бикот сонот му зависи од ден до ден
Секој ден им е различен, некогаш може да спијат и по 12 часа, додека друг пат може да спијат само еден или два часа. На квалитетот на соновите им влијае околината.
Близнаците во кревет се немирни исто како и во животот
Припадниците на овој знак може без проблем да издржат со само неколку часа сон. Имаат проблеми со успивањето бидејќи многу размислуваат за важни дилеми. Најдобро спијат ако се физички исцрпени.
Ракот често страда од кошмари
Тие често патат од немирни сонови, па дури и кошмари. Станува збор за сонови полни со насилство во кои може да настрада некој нивен близок, а се јавуваат како резултат на прекумерната грижа во секојдневниот живот.
Лавовите навистина не треба да ги допирате додека спијат
Голем број од Лавовите се добри спанковци, а идеална позиција им е онаа не грб. Знаат колку е важно времето за одмор. Проблеми со сонот имаат единствено ако се под голем стрес.
Девицата може да заспие дури откако ќе ги среди плановите во глава
Сакаат ред и рутина во животот и во соновите. Проблем им претставуваат финансиските грижи. Па најдобро е пред спиење да ги запишат грижите на хартија.
Вагите или спијат премногу или премалку
Припадниците на овој знак може да бидат големи спанковци, но кога имаат многу обврски се целосно ненаспиени. Чаша топол пијалок и пријатен разговор се најдобар начин да се успијат.
Сонот на Шкорпиите им го диктира расположението
Дали Шкорпиите добро ќе спијат зависи и од тоа како се чувствуваат. Често знаат премногу да спијат ако се во депресија, а во состојба се да останат цела ноќ будни поради добар филм или игра.
На Стрелците сонот им е потребно зло
Енергичните Стрелци се знак на кој му е потребно најмалку сон за да нормално функционира. Исто така, природното исцрпување, особено она од физичка природа е најдобар лек за нивниот сон. Може да заспијат секаде кога се уморни.
Јарецот знае колку добриот сон е важен
Не се големи љубители на сонот и со задоволство би можеле да го избегнат, но многу добро знаат колку им е важен за доброто здравје и генералното функционирање. Под психички притисок се склони кон несоница.
Водолиите сонот ненадејно ги совладува
Припадниците на овој знак се познати по немирниот сон, многу се вртат,знаат да зборуваат во сон…. Често заспиваат пред ТВ. Може и долго да спијат но им е жал да го испуштат утринскиот ритуал со пиење кафе. Најдобро ќе заспијат ако некој ги гали.
На Рибите сонот им е опиум
На припадниците на овој знак сонот им е потребен исто како и сонцето, кога се ненаспани стануваат мрзеливи и нервозни. Често го сонуваат она што го гледале пред да заспијат.
Слично
