Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хороскоп: Дознајте што ви претстои до крајот на 2016 година

Хороскоп: Дознајте што ви претстои до крајот на 2016 година
Овен Во август ќе бидете исполнети – и пари и љубовниот живот ќе ви биде одличен. Септември ќе внесе многу драма во вашиот живот и ќе мора да направите големи промени кога станува збор за вашето здравје. Вашите вештини ќе бидат ставени на тест во текот на октомври, додека ноември ќе биде месец на трансформирање и подмладување. Ќе бидете на врвот кога станува збор за работата во декември, а истото се однесува и за љубовните односи. Бик Во текот на август ќе се посветите на преуредување на просторот во кој живеете, но можеби нема да оди се` по планот бидејќи можно е да имате проблеми со стомакот. Вашиот начин на живот во септември би можел да претрпи драстични промени. Во текот на октомври ќе запознаете нов партнер – и на љубовен план и на професионален. Обрнете внимание во текот на ноември, особено ако сакате да се ослободите од вишокот килограми. Во декември доаѓа до ваша целосна трансформација и напредок. Близнаци Во август треба да бидете подготвени за работни и лични конфликти. Многу возбудувања ви донесува септември, а финансиите ќе се стабилизираат веднаш штом ќе се промени фазата на Месечината. Во октомври обрнете внимание на вашето здравје, одберете диета и режим на вежбање. Ова е одличен месец доколку сакате да стапите во брак или доколку сакате да го проширите семејството. Ретроградниот Меркур пристигнува во ноември, па затоа бидете трпеливи и подгответе се за возбудувањата кои следуваат. Во декември ќе бидете преокупирани со социјалните случувања, а многу парови кои веќе биле верени ќе се решат да се венчаат. Рак Август би бил идеален за одмор со вашиот партнер. Во септември ќе се посветите на семејството, родителите, децата и пријателите. Особено мајките родени во знакот на Рак ќе реализираат прекрасен однос со своите деца. Во октомври финансиите ќе бидат нестабилни но тоа нема да ве спречи да сакате да имате дете. Во ноември ќе бидете особени продуктивни на работа, но обрнете внимание на вашето здравје. Декември целосно ќе го посветите на вашата кариера, но треба да се занимавате со алтернативни начини на лекување за да го зајакнете вашето здравје. Лав Бидете смирени и не донесувајте брзи одлуки, бидејќи иако август е месец полн со среќа, ќе мора да бидете подготвени на расправии со партнерот во врска со финансиите. Во септември ќе дојде до драматична промена во животот, многу бракови ќе поминат низ голема криза, но затоа барем слободните Лавови ќе уживаат во новите врски. Обрнете внимание на вашето семејство во текот на октомври, а ова е одличен месец доколку сакате да имате дете. Во неомвери повеќе внимание обрнете на вашето здравје, а алтернативните методи на лекување можат одлично да делуваат. Декември ќе биде исполнет со забава и возбудување, па потрудете се се`околу вас да биде максимално позитивно. Девица Во август ќе се појават одредени семејни проблеми, но не дозволувајте да ви го рушат фокусот. Голема е веројатноста во септември да ја запознаете вашата вистинска љубов. Научете да се опуштите, па финансиите ќе цветаат. Во октомври ќе бидете финансиски стабилни бидејќи ве очекува одлична заработка. Ова е момент кога треба да се поврзете со роднините и пријатели со кои одамна не сте се виделе. Во ноември ретроградниот Меркур ќе влијае врз вашите комуникации со околината, но ова е одличен период доколку сакате да започнете нов бизнис. Во декември ќе мора да се сконцентрирате на сопственото здравје, а одредени случувања во семејството ќе ви одземаат многу време.
Слично

Поврзани вести