Хороскоп: Дали сте себични, тврдоглави или егоистични?
Дали сте во состојба да направите сè за еден добар оброк? Дали знаете да се лутите за неважни ситници? На добро познатите, традиционални пороци им додадовме уште некои и ги анализираме од астролошки агол.
И покрај тоа што традицијата и воспитувањето не учат дека пороците се слабости и дека е неопходно да ги надминеме, факт е дека и малите и големите пороци го збогатуваат животот и му даваат некаков посебен зачин. Замислете на момент колку досаден би бил светот ако беше исполнет со совршени битија, кои никогаш не грешат, не претеруваат во ништо или никогаш не ги пречекоруваат границите.
Многу повеќе од доблестите (кои често предизвикуваат завидливост), пороците можат да не направат “човечни” во очите на другите, а можат и да не научат да ги толерираме туѓите недостатоци. Всушност, многу добро е познат фактот дека една и иста постапка, гест, односно – однесување може да биде протолкувано како грев, невина навика,исконски нагон, потреба, па дури и како доблест – во зависност од тоа кој ги набљудува и проценува.
Овен (гнев)
(“Без противник , снагата венее” – Сенека)
Имајќи во предвид дека вашиот примарен владетел е Марс, од вас не се ни очекува да се однесувате како ангелчиња. И тогаш кога другите реагираат со насмевка, безопасна шега или милозлив поглед – вие пристапувате со напад. Во потрага по динамика, често имате некој непријател кој треба да го победите, некоја пречка која треба да ја надминете, неправда против која се борите, некој послаб кој сакате да го заштитите…
Во спротивно, се чувствувате како да не учествувате во животот во прво лице. Ве обвинуваат дека сте агресивни и импулсивни. Вие одговарате дека потиснатиот гнев предизвикува психосоматски проблеми. Вие всушност на таков начин се ослободувате од напнатоста. А, после секоја бура се чувствувате уште посилно.
Бик (ненаситност)
(“Убавите работи во животот се или незаконски, или неморални, или дебелат” – О. Вајлд)
Дали се сметате за хедонист кој храната ја доживува за едно од најголемите задоволства во животот? Тоа е заслуга и вина на вашата владетелка – Венера. Во најтешките моменти, вие во храната пронаоѓате сила, сигурност, утеха и задоволство. Вие јадете и тогаш кога сте вљубени и кога сте сами и напуштени; јадете за да ја победите нервозата, ама и за да прославите некој добар исход. Од сите можни пороци, вашиот е општествено најприфатлив, па дури се смета и за израз на културата, друштвеноста и здравјето. Без двоумење, луѓето што се во состојба да ги прифатат своите облини и се способни да живеат со нив, без да се нервираат – по правило се подобро расположени од другите и шират ведрина.
Близнаци (завидливост)
(“Завидливоста е основата на демократијата” – Б. Расел)
Вашиот владетел е дрскиот и интелигентен Меркур, детето – бог со крила на нозете, оној што ги разнесува информациите, големиот говорник со секогаш подготвена шега. Тогаш, како да ве обвиниме дека сте брбливци? Од вас извираат информации, секогаш сте упатени во сите социјални текови, а информации радосно ги пренесувате на вашите пријатели, роднини и колеги.
Завидливи сте? Можеби, ама на начин на кој децата ги издаваат нивните браќа и сестри со цел да ја добијат топката. Натпреварувачкиот дух е еден од главните мотиви кои ве поттикнуваат на развој и усовршување. Впрочем, зар не е во основата на демократијата да може секој да го достигне предметот на своите посакувања?
Рак (мрзливост)
(“Активноста на будалите е многу поштетна од мрзливоста на интелигентните” – М. Мацари)
Мир и опуштеност, по можност на палубата на некој брод или сончева плажа – тоа е вашиот идеал. И покрај тоа што оставате впечаток дека сте пасивни и ненаклонети на акција, дури и тогаш кога седите со скрстени раце и тогаш размислувате, мечтаете и собирате сили. Всушност, повеќе сте флегматични отколку мрзеливи, живеете повлечено за да се одбраните од надворешниот свет. Вашиот порок може да биде достоен за благодарност во овој свет, кој првенствено е насочен кон ефикасност и профит: вие сте фантазер кој своите соништа ги пренесува на другите. А, фактот дека сакате да спиете е оправдан и од медицински агол: оние што многу спијат – живеат подобро и подолго!
Лав (ароганција)
(“Подобро да се владее во пеколот, отколку да се служи во рајот” – Џ. Милтон)
Ако земеме во предвид дека со вашиот знак владее Сонцето, ѕвездата на која сите ние и го должиме животот, не е воопшто за чудење тоа што секогаш сакате да бидете во центарот на вниманието. Ја презирате просечноста толку многу, што сте во состојба да пешачите ако не можете да си дозволите луксузен автомобил. Се доживувате како посебни и не поднесувате некој да ви кажува што треба да правите, а што не треба да правите. Но, дури и вашиот порок има посебна општествена смисла: на светот му се потребни луѓе кои можат да го издржат стресот на управувачкото место, па дури ако треба само да им ги растераат одговорностите на оние кои делуваат од позадина.
Девица (себичност)
(“Секогаш има време за плаќање и за умирање” – анонимна поговорка)
Поборници на рециклажата, стратези на штедењето и економијата, експерти за продажба… Вие сте жестоки борци против галопирачките склоности на модерното општество кон конзумеризмот и трошењето на ресурсите. Вашата штедливост на луѓето кои се склони кон помодарство им оди по нерви, а спремни се дури и да ве обвинат за себичност. Растрошноста не е ваша карактеристика; вие сте уверени дека мислата чини многу повеќе од поклонот и дека ништо не треба да се фрли ако може да се закрпи, обои, да се замени или да се даде на помалиот брат. Од друга страна, под влијание на трговската планета Меркур, врзани сте за материјалното и конкретното и сметате дека големо богатство може да се стекне со штедење – денар по денар.
Слично
