ХОРОР ВО ХРВАТСКА: Си ја убил мајката и крвав напаѓал луѓе на улица
Хрват си ја убил мајката и крвав напаѓал луѓе на улица.
Во семејната куќа во Вела Лука утрово е пронајдено мртво тело на 67-годишна жена.
Соседите синоќа слушнале викање, но, не реагирале бидејќи било вообичаено. Синот често се карал со мајка си.
По убиството, младиот човек физички ги нападнал мештаните на улица. Нападнал и сопственик на ресторан. Сопругата на нападнатиот сопственик на угостителскиот објект изјавила дека А.Ш. целиот бил во крв и дека нејзиниот сопруг бил нападнат од зад грб.
Мајката била по потекло од Бразил и се омажила за морнар во Вела Лука.Ова не е прв ваков случај во Хрватска. Лани во декември, син ја закла својата мајка во Сплит.
фото Индекс.хр
Слично
