Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Убиството во Чачак се случи рано утрово, и иако првите информации укажуваа дека станува збор за тројно убиство, се покажа дека станува збор за самоубиство и двојно убиство, пренесува српски Блиц.
Како што дознава Блиц, во семејната куќа се пронајдени три тела - маж и неговите родители. Новите детали што доаѓаат се морничави - таткото и мајката се пронајдени со пресечени грла, а синот со убодни рани во пределот на градите и пресечени вени.
Рано утрово во Чачак, голем број полицајци биле пред семејната куќа, од каде што биле извадени три тела - жена (72) и двајца мажи - постари (79) и помлади (47).
„Мајката на М. Ц., родена во 1953 година, е пронајдена во едната соба со пресечено грло. Во другата соба, таткото на Н. Ц., роден во 1953 година, исто така со пресечен врат, и нивниот син В. Ц. се пронајдени со повреди во градите, што укажува дека се обидел да се самоубие прободувајќи се со нож“, неофицијално дознава Блиц.
На крајот, како што дознаваме, тој со нож пресекол вена на левата рака и искрварил до смрт.
Проверките утврдиле дека немало пријави за семејно насилство. Сè уште се работи на утврдување на мотивот за ова повеќекратно убиство. Полицијата го обезбедува местото каде што се случило убиството, а на терен се и екипи за итни случаи.
Извор и фото: Блиц.рс
