ХОРОР ВО АЛБАНИЈА: Со лопата го убил детето на соседите и го закопал во дворот
Убиство на дете се случило во селото Грецал кај Фиер во Албанија.
„Клодиан Чаламани(38), кој по приведувањето на распитот признал дека на бел ден го киднапирал осумгодшниот син на соседите. Потоа го однел во својот дом каде го чувал неколку часа, по што, го удрил со лопата по главата и го закопал во дворот“, пренесува Ора њуз.
Мајката на детето реагирала откако детето не дошло од училиште. Од снимки на безбедносните камери на некои објекти полицијата утврдила дека детето го возело велосипедот на соседот, по што тој го внел во неговата куќа. Ова не е прв случај во кој Чаламани грабнал дете. Во 2006 година тој киднапирал и малтретирал девојче, кое успеало да избега. Чаламани живеел сам во куќата. Татко му и брат му биле во затвор во Грција, а мајка му била во Македонија.
